Пет години без пораз во Австралија

08.01.2023 19:05

По три часа и 11 минути, два тај-брејка и сериозен физички и психолошки тест, српскиот тенисер го совлада 33-от светски играч, Американецот Корда, со пресврт (6-7, 7-6 и 6-4) за 92-ра титула во кариерата.

Новак Ѓоковиќ ја продолжи успешната љубовна авантура со Австралија. Се намачи против Себастијан Корда, но успеа да го освои турнирот во Аделаида, а со тоа најави дека е подготвен за јуриш на десеттиот австралиски гренд-слем пехар.

По три часа и 11 минути, два тај-брејка и сериозен физички и психолошки тест, српскиот тенисер го совлада 33-от светски играч, Американецот Корда, со пресврт (6-7, 7-6 и 6-4) за 92-ра титула во кариерата. Ѓоковиќ на вистински начин ја продолжи  подготвката за првиот годинашен гренд-слем каде што претходно се радуваше деветпати, а годинава ќе биде исклучително мотивиран по ланската драматургија со депортацијата поради немањето ковид пасош. Но откако му беше дозволено да игра на омилениот континент, Ѓоковиќ ја продолжи петгодишната австралиска триумфална низа којашто сега изнесува 34 натпревари без пораз.