Земјоделство

Отворени јавни повици

10.01.2023 09:02

Годинава земјоделците кои ќе инвестираат во своето производстви ќе можат од аплицираат за финансиска поддршка во текот на цела година. Според најавите од ресорното министерството фармерите ќе нема потреба да чекаат да се објават јавните повици. Барањата за добивање на државни средства ќе може да ги поднесат самите, кога за тоа ќе имаат потреба...

Според најавите на Министерството, годинава, за инвестиции во модернизација на своето производство земјоделците нема да мораат да чекаат огласи. Ова е нова мерка која е предвидена во програмата за рурален развој.

Досега преку оваа програма повеќепати годишно се објавуваа различни повици за поддршка при набавка на механизација, кои имаа определени рокови. Земјоделците не можеа секогаш навреме да аплицираат или пак средствата беа за друга намена која во моментот не им беше потребна.

Со новата мерка, јавениот повик ќе биде отворен во текот на целата година, а секој земјоделец изготвувајќи бизнис план може сам да одбере за што ќе аплицира и кога ќе аплицира. Максимална вредност на прифатливите трошоци по корисник е до 600.000 денари, односно со кофинансирање од најмалку 50 проценти. Овој процент може да се зголеми за уште 10 отсто доколку се работи за инвестиции кои се однесуваат за обновливи извори на енергија.

Почетокот на оваа нова мерка треба да стартува со донесувањето на програмата за рурален развој за 2023 година.

 

Методија Трајков