БРАЗИЛ

Не сме добиле официјално барање за испорачување на Болсонаро

10.01.2023 09:59

САД тврдат дека не добиле барање за негово испорачување. Според Си-Ен-Ен, тој заминал уште во петокот, два дена пред инаугурацијата на неговиот наследник Да Силва...

Десетици илјади луѓе во Бразил одржаа продемократски митинзи, како одговор на упадот на поддржувачите на поранешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро во Конгресот. САД тврдат дека не добиле барање за негово испорачување. Според Си-Ен-Ен, тој заминал уште во петокот, два дена пред инаугурацијата на неговиот наследник Да Силва.

„Сакаат државен удар, ама тоа нема да се случи. Треба да научат дека демократијата е најсложената работа за нас бидејќи за неа е потребна поддршката за другите, таа не принудува да живееме со луѓе кои не ни се допаѓаат и со кои не се согласуваме. Но таа е единствениот систем кој дозволува секој да има можност да ја оспори власта и секој што го добие правото да владее“, изјави Луиз Да Силва, Претседател на Бразил

Бразил со денови се соочува со насилни протести на екстремната десница која ги застапува интересите на Болсонаро. Веќе се уапсени над 1500 лица.

„Граѓанските и воените институции ја разбираат важноста за заштита на уставот и демократијата. Заговарачаите на пучот, терористите, криминалците не успеваат да го прекршат законот“, изјави Флавио Дино, Министер за правда и јавна безбедност на Бразил.

Лула да Силва се врати на власт по 12-годишна пауза по победата над Болсонаро на вториот круг од изборите на 30 октомври.