ПЕРУ

Жртви во немирите на протестите за ослободување на поранешниот претседател Кастиљо

10.01.2023 10:00

Демонстрантите се обидоа да ја преземат контролата над аеродромот во градот Хулијака...

17 луѓе загинаа, меѓу кои има и тинејџери, во судирите на југот на Перу на протестите на кои се бараат предвремени избори и ослободување на поранешниот претседател Педро Кастиљо. Демонстрантите се обидоа да ја преземат контролата над аеродромот во градот Хулијака.

Кастиљо беше соборен од власт и уапсен по обидот да го распушти Конгресот и да спречи гласање за својата смена. Неговата наследничка Дина Болуарте го поддржува планот за поместување на изборите за 2024 година наместо во редовниот термин две години подоцна.