Јацењук: Украина има потреба од акција и од резултати

01.05.2014 12:24

Украинската влада ќе го протера рускиот аташе на морнарцата Кирил Коључкин. Дипломатот ќе мора да ја напушти територијата на Украина што е можно побрзо, изјави претставник на морнарицата...

Премиерот на Украина, Арсениј Јаценњук, предупреди дека во блиска иднина може да има промени во Владата, доколку не се исполнат желбите и потребите на народот.

Земјата има потреба од акција и од резултати, доколку тоа не се реализира ќе побарам персонални промени, изјави Јацењук по состанокот со Владата.

Во меѓувреме Пентагон објави дека американски војници ќе учествуваат во воените вежби во Литванија, Латвија, Естонија и во Полска.

Вежбите се поврзани со тензијата во источниот дел на земјата.Состојбата на истокот е се потензична, проруските демонстранти во градот Горловка завзеле административни згради и нападнале полициски пункт, на Мајдан судири, медиумите јавуваат за поголем број повредени. 

„Се надевам дека со властите во Украина ќе постигнеме договор по мирен пат. Владата во Киев мора да ја сфати одговорноста која ја има, и да најде соодветно решение“, изјави Сергеј Лавров министер за надворешни работи на Русија.

ММФ одобри финасиска помош за земјата која се наоѓа во тешка економска состојба.