Централниот одбор потврди- СДСМ ќе ги враќа мандатите

01.05.2014 12:43

Одлуката била донесена во тензична атмосфера, но засега без прецизна формулација кој ќе биде потегот на партијата...

Централниот одбор на СДСМ ја потврдил одлуката на извршниот одбор за непризнавање на  изборните резултати и освоените 34 пратенички мандати.

Одлуката била донесена во тензична атмосфера, но засега без прецизна формулација кој ќе биде потегот на СДСМ, откако ДИК по објавувањето на конечните резултати ќе излезе со уверенијата за 123 пратеници. Тие се основа и за верификување на мандатите од страна на Собранието.

12-ти мај е утврден како датум за одржување на постизборниот конгрес.