Поднесено обвинение за измама против Жан Митрев и неговата клиника
Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница „Жан Митрев“, за кривично дело „измама“.Митрев се товари дека со прикривање факти, ги донел во заблуда пациентите дека хемофилтрацијата лекува од Ковид-19...

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница „Жан Митрев“ , за кривично дело „измама“.Митрев се товари дека со прикривање факти, ги донел во заблуда пациентите дека хемофилтрацијата лекува од Ковид-19.
Лицата се држени во заблуда, со прикривање факти во однос на лекувањето, велат од Обвинителството. Истрага беше отворена по допрен глас, по емисијата на ИРЛ. Материјална штета т.е. износот на земените пари за хемофилтрација што ја утврдила истрагата, е 97,5 милиони денари. Ако биде осуден, Митрев без материјалната штета што би ја барале оштетените пациенти или нивните семејства во граѓанска постапка, треба да плати 1,6 милиони евра.
Носнованите напади на суд ќе мора да се докажат, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. На суд ќе падне самото обвинение на ОЈО. Ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа. Сè што беше направено во клиниката „Жан Митрев“, беше за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување. Се вели во соопштението од клиниката „Жан Митрев“.
