Украина

Руските сили ги засилија нападите врз Соледар во источна Украина

10.01.2023 14:07

Украинскиот претседател вели дека областите Доњецк и Луганск остануваат најжешките области на линијата на фронтот. Призна дека ситуацијата е многу тешка за војската...

Руските сили ги засилија нападите врз Соледар во источна Украина. Се верува дека контролата над индустрискиот град познат по ископите на сол е клучна за руската операција и заземањето на цела Доњецка област.

На само 10 километри североисточно е Бахмут. Украинскиот претседател вели дека областите Доњецк и Луганск остануваат најжешките области на линијата на фронтот. Призна дека ситуацијата е многу тешка за војската.

„Бахмут и Соледар во регионот Доњецк и Кремна и Сватове во регионот Луганск во моментов се најголемите жаришта во руско-украинската војнаИм благодарам нашите војници кои го штитат Бахмут и покажаа максимална отпорност. Благодарност до сите борци во Соледар, кои ги издржуваат новите и уште посилни напади“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украинските лекари на неколку километри од линијата на фронтот водат сопствена битка за да ги спасат тешко ранетите војници кои секојдневно пристигнуваат.

„И покрај загубите на непријателот, херојството на нашите борци, имаме и загуби. Се разбира, боли кога не е може да ги спасиме“, соопшти Костнјантин Василкевич-Хирург, координатор на центарот за стабилизација.

Руското Министерство за одбрана објави видео-снимка од борбените посади на ракетните системи „Искандер“ како напаѓаат воената инфраструктура на Украина. Арсеналот вклучува и балистички и крстосувачки ракети. Русија ќе продолжи да развива стратешки нуклеарни сили како главен гарант на нејзиниот суверенитет, изјави рускиот Министер за одбрана.

„Нуклеарниот штит беше и останува главен гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава“, изјави Сергеј Шојгу-Министер за одбрана на Русија.

Европската унија ќе продолжи да прави сè што е во нејзина моќ за да го поддржи храбриот народ на Украина, велат од Брисел. Санкциите ќе бидат проширени и за поддржувачите на руската војна, како што се Белорусија и Иран.

 

Маријана Димовска