Битола

Финишира првата фаза од проектот „Топлификација на Битола“

10.01.2023 14:14

Поставувањето на топлификациските цевки од првата фаза на проектот стигна до портата на Битола. До крајот на годината се планира влез во градот, а во 2025 година да бидат приклучени првите од планираните државни институции. Од битолска топлификација очекуваат подадена рака од локалната самоуправа што поскоро бенефитот да го почувствуваат и колективните и индивидуалните станбени објекти...

По околу една година од почетокот на поставувањето на топлификациската траса долга 13 километри од РЕК Битола,првата фаза од проектот Топлификација на Битола на чекор до влезот во градот.

Од новоформираното претпријатие велат дека вистинскиот предизвик го носат следните две фази поставувањето на разводните шахти и градската мрежа како и изградба на одземачот на кулата во РЕК Битола. До крајот на годината со втората фаза се очекува влез во градот, а до крајот на 2025 година да бидат приклучени првите од предвидените 37 државни институции.

Козаров очекува искрена соработка со локалната власт за големите инфраструктурни зафати во градот. Вели дека не држат обвинувањата дека е директор на самиот себе.

Ако се гледа севкупниот интерес на граѓаните не би требало политичката припадност да биде кочница за проектот кој во поново време важи за еден од покапиталните и е вистинското решение за аерозагадувањето.

Стевче Митревски