На Табановце уапсен Драган Даравелски
Поранешниот прв човек на македонската Царина, Драган Даравелски, денеска напладне е уапсен на граничниот премин Табановце. Се обидувал од Србија да влезе во земјава.

Поранешниот прв човек на македонската Царина, Драган Даравелски, денеска напладне е уапсен на граничниот премин Табановце. Се обидувал од Србија да влезе во земјава.
Тој со години живееше во соседната земја, откако во 2007 година во отсуство беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба.
Даравелски се бараше и со потерница на Интерпол, но неговата екстрадиција не се случи. Обид за испорачување имаше во 2016 година, но процедурата беше стопирана поради српското државјанство на Даравелски.
Според обвинението за овој случај, државата била оштетена за 2,5 милиони евра.
