Анализа

Спротивставени ставови за средбата во Тирана

10.01.2023 15:07

Дел од аналитичарите сметаат дека средбата во Тирана доби многу повеќе публицитет, отколку што е потребно. Сметаат дека станува збор за популизам. За други, најголема корист од средбата со Рама би имал ДУИ...

Средбата на партиските лидери со Рама доби многу повеќе публицитет отколку што е потребно – смета аналитичарот Сефер Селими. Според него, станува збор за протоколарна средба, со доза на популизам од страна на албанскиот премиер, но вели – не треба да се сфати како загрижувачка за внатрешните работи во Македонија.

И за претстојните уставни измени, албанските партии јасно го кажаа својот став и нема потреба од дополнителна координација – укажува Селими, кој отсуството на БЕСА го толкува како обид партијата да поентира и да се наметне како одлучувачки фактор.

Малку е наивно да се смета дека станува збор за чисто протоколарна средба – коментира аналитичарот Арсовски. Тој потсетува дека Македонија веќе има искуство со „тиранската платформа“ која произлезе од вакви средби.

Според Арсовски не може да се очекува голема коалиција, ниту во албанскиот блок, бидејќи според него, најголема корист од таа би имала ДУИ.

 

Марина С. Тонева