Временските промени го симнаа Скопје подолу на листата на загадени градови
Скопје малку подолу на листата на загадени градови. Сепак аерозагадувањето руши рекорди. Граѓаните тешко дишат...

По две недели Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, дождот и ветерот го расчистија смогот од главниот град.
Временските промени го симнаа Скопје малку подолу на листата на загадени градови. Сепак аерозагадувањето руши рекорди. Концентрацијата на штетни честички во воздухот е неколкукратно над дозволеното. Граѓаните тешко дишат. Велат дека кога имаат обврски излегуваат надвор само со маска.
Мерки не се преземаат, велат активистите. Советуваат дека решавањето мора да биде интегрално, бидејќи Скопје е постојано загадено, во секој период од годината и потребно е да се дејствува на сите полиња.
Според активистите потребно е и да се зголеми бројот на инспектори бидејќи е многу мал.
Ана Ј. Тодоровска
