Македонија
Второто полугодие ќе започне на 23-ти јануари
10.01.2023 15:53
Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците...

Владата на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18-ти јануари да започне на 23-ти јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.
Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, информираат од владината прес- служба.
