118-та владина седница
Усвоен Акциски план за реализација на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација за 2022-2026 година
10.01.2023 16:17
Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година.

На денешната владина седница беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година.
Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година.
Националната стратегија е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа, информираат од владината прес- служба.
