Шоле утре во Скопје на средба со Ковачевски
Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан...

Енергетиката, економијата и борбата против корупцијата во фокус на утрешната средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, кој ќе престојува во Скопје.
Делегацијата што ја предводи Шоле ќе биде пречекана пред платото на Владата. Неговата посета на земјава е во рамки на балканската турнеја, за време на која ќе ги посети и Косово и Србија.
Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.
