МРТ

Известување за преносот од концертот на Бадниковите поворки

10.01.2023 19:33

Македонската телевизија, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан...

За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА беше потпишан со титулата „Архиепископ Охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата.

Македонската телевизија, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.