Повеќето работници не се свесни за своите права, работодавачите тоа го злоупотребуваат!
Во Македонија често се кршат правата на работниците. Многу од нив не знаат кои се нивните права, како да ги остварат и која институција може да им помогне...

Работа за време на празници, прекувремена работа, извршување работни задачи за време на викендите, непочитување на времето за пауза од една до друга смена, како и неисплаќање на трудот за сите изработени часови се најчестите претставки на работниците претежно во производствениот сектор, информираат од експертите од оваа област.
„Се обраќаат ги кажуваат своите проблеми, но симптоматично е тоа што кога ќе треба да им се помогне тие се откажуваат. Било да се работи за укажување на непочитување на договорот на работодавецот или е потребно е да се поведе судска постапка, работниците не прифаќаат да одат понатаму и проблемот останува нерешен“, вели Гордица Бошковска, правен советник.
Најголем дел од граѓаните не се свесни за своите права предвидени со Законот за работни односи.
„Законот е добар, но сепак работниците не се на онаа ниво на кое би требало. Има фирми во приватниот сектор каде им доцнат плати или пак не го користат правото на годишен одмор“, додава Бошковска.
„Сметам дека голем дел од работодавците вршат притосок врз вработените, а тие не се свесни за тоа или пак молчат да не го изгубат работното место“, велат анкетираните граѓани.
Изминатата година група сезонски работници кои работеле без договори за работа во фирма за преработка на зеленчук во Куманово со притосок на институции успеаја да си го наплатат трудот. Од таму советуваат да се пријави било каква злоупотреба за да може да се санкционираат работодавците кои ги кршат Законот.
Работниците може да ги искорисат и бесплатните анонимни телефонски линии на надлежните инспекции и дапријават доколку им повредено одредено право на работното место.
Габриела Димковиќ
