Светска банка

Глобалната економија годинава би можела да падне во рецесија

10.01.2023 20:41

Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7% во 2023 година, што, без рецесиите од 2009 и 2020 година, е најниската стапка во речиси три децении, се вели во извештајот на Светска банка.

Светската банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023-та година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст.

Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7% во 2023 година, што, без рецесиите од 2009 и 2020 година, е најниската стапка во речиси три децении, се вели во извештајот на Светска банка.

Во претходниот Извештај за глобалните економски изгледи, објавен во јуни 2022 година, банката прогнозираше глобален раст во 2023 година од 3,0%.

Има големо забавување во развиените економии, вклучително и прогнозираните остри намалувања од 0,5% и за САД и за Еврозоната, што може да навести нова светска рецесија помалку од три години по минатата, велат од Светска банка.