Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
11.01.2023 08:05
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
