МВР: 134 санкционирани возачи во Скопје, 11 без возачка
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
