МПЦ-ОА

Рускиот митрополит Антониј во посета на Македонската православна црква

11.01.2023 09:08

Рускиот митрополит Антониј задолжен за меѓународни односи на Руската православна црква во Скопје на средба со поглаварот на Македонската православна црква Охридска-архиепископија г.г. Стефан...

Рускиот митрополит Антониј задолжен за меѓународни односи на Руската православна црква во Скопје на средба со поглаварот на Македонската православна црква Охридска-архиепископија г.г. Стефан.

На чија покана доаѓа и која е целта, од Архиепископијата не откриваат. Средбата доаѓа во период кога МПЦ-ОА го очекува томосот од вселенската патријаршија за автокефалност како и посетата на вселенскиот патријарх, која беше најавена лично од Вартоломеј по канонското признавање.

Како што пренесуваат медиумите, примарна работа на Антониј е црковната дипломатија и штитење на рускиот црковен и национален интерес.