Политика

Лидерите на партиите на Албанците од Македонија разговараа со Рама за европската иднина

11.01.2023 09:20

Четворицата лидери на политичките партии од албанскиот блок во земјава во Тирана на вечерен коктел со албанскиот премиер Рама...

Четворицата лидери на политичките партии од албанскиот блок во земјава во Тирана на вечерен коктел со албанскиот премиер Рама.

Единствено лидерот на БЕСА не присуствуваше. Касами имаше одделна средба со Рама. На здравје! Нека биде добра година за Албанците каде и да се, напиша албанскиот премиер на својот профил на Фејсбук, објавувајќи фотографија од средбата.

Албанските медиуми јавија дека тема на средбата била внатрешно-политичката ситуација во Македонија, улогата на Албанските партии во надминувањето на ќорсокакот за уставни измени и продолжувањето на процесот на евроинтеграции. Али Ахмети пред средбата рече дека е смешно тврдењето на БЕСА дека ДУИ се обидува да се спаси преку Рама и порача дека неговата партија веќе 20 години е успешна.

Реагираше лидерот на БЕСА, Касами кој преку Фејсбук статус го потсети Ахмети дека двапати ги победиле во Тетово. Овој пат никој не може да ве спаси од пораз на следните избори, кога и да се одржат, порача Касами.