Украина

„Вагнер“ тврди дека ја презеле контролата врз Соледар

11.01.2023 09:57

Продолжуваат да се водат улични борби...

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите борци ја презеле контролата врз Соледар во Украина, но продолжуваат да се водат улични борби. Во соопштението вели дека бројот на заробеници ќе биде објавен утре.

Од друга страна, заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, тврди дека украинските сили ги држат своите борбени позиции во Соледар и се спротивставуваат на масовниот напад на руските сили, кои, како што истакнува, трпат големи загуби. Соледар се наоѓа во близина на Бахмут, важен транспортен центар. Низ тој град минува мрежа од патишта и железници преку кои се снабдуваат украинските војници во Донбас.