БРАЗИЛ
Апсење во Бразил
11.01.2023 09:59
Приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради...

Врховниот суд на Бразил нареди апсење на шефот на јавната безбедност во главниот град Бразилија, откако приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради. Судот, исто така, нареди апсење на Андерсон Торес, кој беше Министер за правда на Болсонаро пред да ја преземе функцијата шеф на јавната безбедност.
Во меѓувреме, екс-претседателот Болсонаро, кој од крајот на декември е во САД, изјави дека наскоро планира да се врати во Бразил. Ја напушти болницата на Флорида каде беше примен ден претходно, и покрај препораките на лекарите кои го советувале да остане во клиниката.
