Париз
Во Париз шест лица повредени во напад со нож
11.01.2023 10:00
Лицето било „неутрализирано“ од полициските сили...

Најмалку шест лица се повредени во напад со нож на париската железничка станица „Гар ду Нор“, потврди францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер.
Додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили. И францускиот железнички оператор објави на Твитер дека денеска полицијата отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички станици во Париз и дека сообраќајот во областа е во застој.
