Фудбал, Лига Европа, полуфинални реванши

Само победа го носи Јувентус во финалето

01.05.2014 13:43

Шанса да се игра европско финале на домашен стадион ретко се укажува, а Јувентус знае дека не смее да пропушти сезонава да ја освои Лига Европа. Минималниот пораз со гол постигнат на гости ја зголемува вербата на торинските „црно-бели“ дека можат да го надоместат минусот во вечерашниот реванш. Видал се опорави и неговото присуство на теренот ќе биде од големо значење за нив.

Шанса да се игра европско финале на домашен стадион ретко се укажува, а Јувентус знае дека не смее да пропушти сезонава да ја освои Лига Европа. Минималниот пораз со гол постигнат на гости ја зголемува вербата на торинските „црно-бели“ дека можат да го надоместат минусот во вечерашниот реванш. Видал се опорави и неговото присуство на теренот ќе биде од големо значење за нив.

Антонио Конте вели дека нема страв во неговиот тим и оти навивачите ќе му бидат силна поддршка од трибините, како и секогаш на натпреварите на „Јувентус Арена“. На неа, стариот и речиси сигурно нов првак на Италија загуби само еднаш на последните 11 европски средби, а славеше на три од последните четири. Вкупно во сите конкуренции, Јуве е непоразен на 25 меча во Торино, а доказ за доминантноста се и шеснаесетте триумфи на последните 17 натпревари дома. Ако ја продолжи низата и овој мај забележи уште три победи на својот стадион, ќе ја заврши сезоната со два трофеја.

Од друга страна, година дена по несреќните порази кога беше само на чекор до славата, Бенфика сонува за неверојатни четири пехари сезонава. Шампионскиот во Португалија веќе го обезбеди, финалист е на двата домашни купа, а 90 минути ја делат и од второ финале по ред во Лига Европа. Атрактивниот гол на Лима во финишот од првиот меч и донесе важна предност, иако и претстои тешка задача да ја одбрани.

Сепак, важен факт е тоа што Бенфика ги доби сите три гостински средби во нокаут-фазата оваа пролет или вкупно сите последни четири европски меча на туѓ терен. Беше во одлична низа од осум победи во сите конкуренции до саботното реми со Порто во саботното полуфинале на Лига Купот, по коешто славеше на пенали, иако дури час и половина играше со фудбалер помалку. Има дури девет победи на последните 11 гостувања.

Нема да играат повредените Фејса и Силвио и казнетиот Гомеш. Неизвесен е Салвио.

Двата клуба досега добија по еден европски нокаут-двомеч, иако статистички Бенфика е поуспешна. Победи на четири од петте одиграни дуели. На ниту еден немало реми.

Пресметката во Торино е далеку понеизвесна од реваншот во шпанскиот двомеч меѓу Валенсија и Севиља. На „Местаља“ вечер Валенсија ќе се обиде да ја анулира високата негатива од 2-0, по поразот пред седум дена.

На МРТ-1 вечер од 21.05, пренос од натпреварот Јувентус-Бенфика.