САД
Бројот на загинати во поплавите во Калифорнија се искачи на 17
11.01.2023 11:54
Најмалку 17 лица загинаа во невремето во Калифорнија, 34 илјади лица беа евакуирани. Поројните дождови во последните два дена предизвикаа големи поплави, има прекин на сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија...

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во Калифорнија, 34 илјади лица беа евакуирани. Поројните дождови во последните два дена предизвикаа големи поплави, има прекин на сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија.
Калифорнија беше погодена од феноменот „атмосферска река“ – огромна струја на густа влага во воздухот што доаѓа од океанот.
