Пронајден сторителот, кој усмрти седум кучиња во Струга
Здруженијата за заштита на животните, кои тврдат дека за помалку од 24 часа во струшко се убиени 20 тина бездомни кучиња, бараат одговорност и казни...

Полицијата го пронајде сторителот, кој вчера со пушка усмрти седум кучиња во Струга.
Станува збор за 62 годишен жител на струшко Ливада, од кого е одземена ловечка пушка – сачмарка калибар 16 милиметри.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Здруженијата за заштита на животните, кои тврдат дека за помалку од 24 часа во струшко се убиени 20 тина бездомни кучиња, бараат одговорност и казни. Анима Мунди испрати отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Од таму прашуваат која европска држава, кое современо општество, кое министерство повеќе од 24 часа молчи за настанот и практично ги охрабрува монструмите да убиваат кучиња во два наврати.
