Рускиот Митрополит Антониј на средба со МПЦ-ОА
Рускиот Митрополит Антониј задолжен за меѓународни односи на Руската Православна Црква во Скопје на средба со Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан...

Под превезот дека носат поздрави од рускиот патријарх Кирил и честитки за именденот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, се одвиваа разговорите меѓу владиците на МПЦ-ОА и високата делегација на Руската Православна Црква. Покрај Митрополитот Антониј, во делегацијата е и заменикот за меѓународни односи на РПЦ Николај Балашов, кој важи за креатор на политиките на руската црква. Радосни сме од минатогодишните случувања со вашата црква, рече првиот дипломат на руската црква Антониј.
Ниту македонскиот владика Тимотеј не открива што се разговарало во Синодот. Сепак, очекува позитивни вести од Москва.
Самото доаѓање на високата црковна делегација на руската црква е значаен чекор, во односите со МПЦ-ОА. Каква е пораката која е донесена во Скопје останува непознаница, и тоа дали русите ќе помогнат во пеглање на односите со бугарската црква.
Миле Ристески
