Социјални услуги за 120 жители од регионот
Со почетокот на годинава, почна и големиот проект за социјални услуги за локалното население од прилепскиот регион. Проектот на Министерството за труд и социјална политика и Светска банка ќе значи унапредување на грижата за жителите и стекнување лиценцирани негуватели...

Околу 120 стари, изнемоштени лица, социјално загрозени и немоќни од три општини во прилепскиот регион – Прилеп, Кривогаштани и Долнени ќе добијат 40-тина лиценцирани негуватели во наредните година и половина. Во Регионот започна проект кој ќе ги унапреди социјалните услуги на локално ниво и ќе биде од суштинско значење за жителите.
Проектот ќе значи обука на лиценцирани негуватели и децентрализација на социјалните услуги. Успешноста ќе донесе проширување на помошта.
Прилеп е со искуство, а Кривогаштани и Долнени со прва проверка на давањето социјални услуги. Ова е период на огласување, обука на негувателите, а од јуни и активни услуги за населението од Регионот.
Елизабета Митреска
