Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација
Оштетена железничката пруга кај Маџари. Од засега непознати сторители украдени сигнализација и 300 метри кабел. Штетата се проценува на 25 илјади евра. Од МВР направен увид. Се трага по крадците...

Зачестени кражби во „Македонски железници“. Оштетен дел од пругата на потегот од станицата Маџари кон Скопје. Украден е просторен сигнал и 300 метри кабел. Од „Железници“ велат дека тие биле осигурани. Инаку, се крадат и делови од колосек, шини и свртници кои директно ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот. Пред три месеци извршена е кражба, тешка 100 илјади евра.
Од „Железници“ апелираат – МВР да ги открие крадците и да се гонат кривично, а не да поминуваат само со прекршочни пријави. Од полицијата соопштија дека по пријавата, излегле на увид и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
По серија кражби на оваа локација, денес е извршена голема кражба. Среќна околност е тоа што во тој период возовите не сообраќале и избегната е поголема катастрофа.
Александра Максимовска
