МВР

Двојно убиство во Скопје

11.01.2023 16:23

Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј. (40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.

Двојно убиство се счучило денеска во скопската населба Карпош на улица „Рузвелтова“. 40- годишен скопјанец со иницијали М.Ј. со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.

Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј. (40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.