Ракомет

ЖРК Вардар СЦБТ...Квалификации, една група, па друга, па Будимпешта, фајнл-фор...

01.05.2014 13:59

Веруваат во своите квалитети девојките на Индира Кастратовиќ, чии тим потврдуваше од натпревар во натпревар со колкав раскошен квалитет располага. Не се даваат, не се предаваат, одат до крај, одат до финале. Така велат, иако знаат дека патот е тежок...

Оваа низа посакуваме да продолжи со финале, па пехар од шампионската ракометна клубска елита. За првото да се стигне на патот стојат ланските финалистки Будуќност. Во ЖРК Вардар сметаат дека тоа е збир на девојки со ист како нашиот менталитет, Балкански, кој подразбира, цврстина и позитивен инает.

Веруваат во своите квалитети девојките на Индира Кастратовиќ, чии тим потврдуваше од натпревар во натпревар со колкав раскошен квалитет располага. Не се даваат, не се предаваат, одат до крај, одат до финале. Така велат, иако знаат дека патот е тежок.

Почнаа квалификациски на турнир во Италија, го минаа прелиминарниот сегмент со 5 победи и едно реми. Во ¼ финалната група ни донесоа три победи, две нерешени и еден пораз, што значеше и тука број еден во поредокот. Се оствари сонот, историскиот чекор во Европа веднаш и со можност за освојување на тероторијалниот трон.

Историскиот ЕХФ паметник запишува првпат женскиот ракомет за превласт да се игра турнирски, преку формата фајнл-фор. Меѓу првата 4-ка учесници тимовите, на наш Вардар СЦБТ, бранителот на тронот унгарски Ѓер, противничките на унгарките во послениот мајски меч лани, Будуќност и дански Митјиланд.

Како најуспешни од групата 1, Вардарки ги добиа условно послабите од ¼  финалната група 2, Будуќност, противнички преку кои продолжува да се сонува европскит македонски сон. Ѓер актуелните шампионки, ½ финално ги имаат оние кои изиграа до второто место во вардаровата група еден. Тоа се секогаш незгодните дански ривалки, во Будимпешта представни во името на Митјиланд.  

Варадрки се во градот, приказна, Будимпешта. Дали на секоја една во вардаровата компактна, среќна, сплотена дружина со неверојатен дух и харизма, детската приказна која почнувала ....”еден ден кога ќе пораснам“....ќе го добие посакуваниот и среќен крај. Крај, кој утре како за вовед во исполнувачките соништата, ги смести во неделната реалност црвено-црните. Реалност која би ги промовирало нашите девојки во европски клупски ракометни владетелки.