Стартува Светското првенство во ракомет
11.01.2023 17:16
Црвено-жолтите се свесни дека имаат тешки противници, но предавање однапред нема. Целта е пласман во следната фаза од натпреварувањето...

Денеска стартува светското првенство во ракомет, што се одржува во Полска и во Шведска. Македонските ракометари патуваат за Краков. Во нашата група се Норвешка, Холандија и Аргентина.
Црвено-жолтите се свесни дека имаат тешки противници, но предавање однапред нема. Целта е пласман во следната фаза од натпреварувањето.
Селекторот на националниот тим Кирил Лазаров верува во овој подмладен состав кој за прв пат е дел од едно големо натпреварување и дека настапот на мундијалот е само првиот чекор кон враќање на Македонија на старите патеки на успеси. Првиот дуел го играме со Норвешка в петок.
