Двојно убиство

Маж од Скопје ги убил своите мајка и баба

11.01.2023 19:16

Семејна драма во Скопје. 40-годишнен маж со остар предмет ги усмртил неговата мајка и баба во стан на улицата „Рузвелтова“ …

Во зграда на улица „Рузвелтова“, во главниот град попладнево се случи двојно убиство. 40-годишен скопјанец со остар предмет ги усмрти неговите баба и мајка. Двете жени по здобиените повреди починале. Осомничениот е приведен од страна на полицијата.

„Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул. „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале“, соопштуваат од МВР.

Полициски инспектори и јавен обвинител извршија увид на местото на настанот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ана Ј. Тодоровска