Временска прогноза

Студено со сончеви периоди

12.01.2023 08:29

Минималната температура ќе се движи во интервал од-5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени...

Времето денес ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи во интервал од-5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до-1, а максималната ќе достигне до 7 степени.