Османи во Виена ќе ја презентира програмата на претседавањето со ОБСЕ
Министерот за надворешни Османи денеска во Виена ја претставува програмата на претседателството на ОБСЕ за 2023 година. Земјава го презеде претседавањето со ОБСЕ од Полска во почетокот на годинава...

Министерот за надворешни Османи денеска во Виена ја претставува програмата на претседателството на ОБСЕ за 2023 година. Земјава го презеде претседавањето со ОБСЕ од Полска во почетокот на годинава. Програмата се фокусира на влијанието на ОБСЕ на терен низ целиот регион на ОБСЕ и неговата клучна важност за обезбедување поддршка и зајакнување на луѓето. Украина ќе остане главен приоритет и клучно безбедносно прашање за претседавачот, како и обезбедувањето поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка. Посебен акцент се става на соработката со младите и граѓанското општество, како движечки сили во градењето живи и истрајни демократии.
Според агендата за посетата на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со неговиот австриски колега, како и со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет, а на кои ќе се разговара и ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, и за улогата на во справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина.
Во работниот дел, како што наведуваат, министерот Османи ќе оствари средби и со раководните структури на независните институции, теренските мисии, останатите извршни тела на ОБСЕ, како и со специјалните претставници на претседавачот.
