Македонија

Комеморација во чест на Катерина Крстева

12.01.2023 08:51

Семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат последна почит...

Денес во НУ Македонски народен театар ќе се одржи комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат последна почит.

Крстева е родена во 1938 година. Како актерка прво била вработена во Драмскиот театар, во 1964 година да преминува во МНТ, каде останува се до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“, премиерно прикажана во 1965 година.

Меѓу последните улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“.