Продолжува чистката на Путин
Во меѓувреме, продолжуваат жестоките борби во Домбас. Украинската армија објави дека истрелала проектил врз група руски војници во Соледар, при што загинале повеќе од стотина од нив...

Нов врховен командант на руските сили е Валериј Герасимов кој досега ја извршуваше функцијата началник на руските вооружени сили. Тој доаѓа на местото на Сергеј Суровикин, кој ги надгледуваше бруталните напади на Москва врз енергетската инфраструктура на Украина.
Во меѓувреме, продолжуваат жестоките борби во Домбас. Украинската армија објави дека истрелала проектил врз група руски војници во Соледар, при што загинале повеќе од стотина од нив.Според Зеленски, борбите во тој град сè уште траат и ќе продолжат сè додека не се неутрализираат руските сили.
„Терористичката држава и нејзините пропагандисти се обидуваат да се преправаат дека го освоиле Соледар, но борбите продолжуваат. Правиме се за да ја зајакнеме одбраната на Украина без никаков прекин во источниот регион Доњецк на одбранбената линија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Судбината на Соледар е неизвесна бидејќи украинската и руската страна имаат спротивставени тврдења.
