Шоле во Белград, француско-германскиот план за Косово една од темите на разговорите со српските власти
Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, ја продолжува посетата на Западен Балкан со разговори во Белград со највисоките претставници на српските власти. Предвидени се средби со српскиот претседател Вучиќ, премиерката Брнабиќ и шефот на српската дипломатија Дачиќ...

Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, ја продолжува посетата на Западен Балкан со разговори во Белград со највисоките претставници на српските власти. Предвидени се средби со српскиот претседател Вучиќ, премиерката Брнабиќ и шефот на српската дипломатија Дачиќ.
Една од темите на разговорите ќе биде продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, вклучувајќи го и француско-германскиот план за Косово, кој беше усвоен од Европската унија.
Турнејата на Шоле на Западниот Балкан почна со посета на Скопје, а продолжи во Приштина, каде имаше одвоени средби со премиерот и претседателката на Косово, Курти и Османи, како и со претставниците на опозицијата и Српската листа. Шоле по разговорите во Приштина, оценил дека гледа силна волја на косовската влада да го интензивира дијалогот, повторувајќи го ставот дека конечниот договор треба да доведе до „меѓусебно признавање на Косово и Србија“.
Според него, формирањето на Заедницата на српските општини на Косово е „итно прашање“.
