Кина

Расте загриженоста од ширење на Ковид-19

12.01.2023 12:09

Плановите на кинеските граѓани претстојните празници да ги поминат во своите родни места би можеле да пропаднат бидејќи СЗО предупредува од повторно разгорување на пандемијата...

Се чини дека плановите на кинеските граѓани претстојните празници да ги поминат во своите родни места би можеле да пропаднат, бидејќи СЗО предупредува од повторно разгорување на пандемијата.

Кинеските новогодишни празници, кои официјално почнуваат на 21-ви јануари, доаѓаат само еден месец откако Кина го укина строгиот режим на масовно заклучување што предизвика широко незадоволство и протести.