Одбележување

15 години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

12.01.2023 12:19

Одбележување 15 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ...

Одбележување 15 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ. На спомен обележјето во Катлановско Блаце свежи цвеќиња положија министерката за одбрана Петровска, заменик министерот Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Милески.

На денешен ден во 2008 година, единаесет мировници кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, загинаа откако армискиот хеликоптер ми-17 се урна во село Блаце кај Катланово. Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја почнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“, но се урна на само 50-тина метри од последните куќи во село.