Калифорнија
Повеќемина загинати, доаѓа уште поголемо невреме
12.01.2023 12:28
Загинаа најмалку 17 луѓе, моќното невреме предизвика силен ветер, дожд и снег, поплави и лизгање на земјиште...

Обилните врнежи од дожд во голем дел од американската сојузна држава Калифорнија претвори цели населби во езера и поплави бројни згради.
Загинаа најмалку 17 луѓе. Моќното невреме предизвика силен ветер, дожд и снег, поплави и лизгање на земјиште.
Десетици илјади домови останаа без струја. Околу пет милиони луѓе се во опасност од поплави, додека се предвидува доаѓање на уште едно поголемо невреме.
