САД

Остин: Се сомневам дека Кина ќе го нападне Тајван

12.01.2023 12:43

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сериозно се сомнева дека зголемената воена активност на Кина во регионот на Тајванскиот теснец е знак за неизбежна инвазија врз островот од страна на Пекинг...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сериозно се сомнева дека зголемената воена активност на Кина во регионот на Тајванскиот теснец е знак за неизбежна инвазија врз островот од страна на Пекинг.

Истакна дека била видлива зголемена активност на кинеската авијација над Тајванскиот теснец, но дека тоа сепак не е знак дека инвазијата е неизбежна.

Во меѓувреме, САД и Јапонија најавија нови иницијативи за зајакнување на безбедносната соработка и покрај заканите од Кина и Северна Кореја во услови на зголемени тензии во регионот на Пацификот.