Уставни измени за членството во ЕУ
Пендаровски со став дека идентитетот нема да биде загрозен доколку се внесат Бугарите во Уставот, сепак, тој признава дека тешко може да се стигне до консензус за ова прашање, имајќи ги предвид забетонираните ставови на опозицијата...

„Имаме напредок на патот кон европскиот пат, но опаѓа поддршката за членство во Унијата, особено меѓу етничките Македонци“, предупреди претседателот Пендаровски.
Тој смета дека до 2030 година може да станеме членка на ЕУ, но само ако се постигне национален консензус и ако остане фокусот на Брисел кон регионот. Иако шефот на државава е со став дека идентитетот нема да биде загрозен доколку се внесат Бугарите во Уставот, сепак, тој признава дека тешко може да се стигне до консензус за ова прашање, имајќи ги предвид забетонираните ставови на опозицијата.
Евроамбасадорот Гир дециден – мора да се испочитува договореното во преговарачката рамка за да продолжи преговарачкиот процес. Според него, да се стане членка на ЕУ не значи да се губи националниот идентитет и додаде дека и опозицијата треба да ја одигра својата улога.
И вицепремиерот за европски прашања Маричиќ признава дека поддршката за Европска Унија последниве години е опадната, првенствено поради недоволната динамика на внатрешните реформи, но и недостижноста на реалното членство од друга страна. Амбасадори, пак, забележуваат на потфрлањето во борбата против корупцијата.
Скриниг процесот е во тек и треба да заврши до ноември, до кога треба и да се направат уставните измени.
Марина Стојанова Тонева
