Ковид-19

Подваријантата на Омикрон е позаразна

12.01.2023 13:22

Кракен, подвидот на коронавирусот, за неколку дена ќе биде присутен и во земјава, велат епидемиолозите. Има лесна клиничка слика, апелираат да се внимава, поради постковид симптомите...

Десетина дена беа потребни подваријантата на Омикрон од Америка да проциркулира низ Европа. Очекувано беше да се јави нова мутација која е позаразна, вели епидемиологот Олумчев. Засега „Кракен“ го нема во Македонија, но за кратко ќе се појави, за недела или 10 дена најмногу ќе добиеме и серолошка потврда, очекува лекарот.

На удар се оние со кревко здравје. Студиите кои се правени на голем број испитаници покажуваат дека вакцината е најдобра заштита. Смртноста кај вакцинираните е намалена за преку 80 проценти кај пациенти над 65 години во однос на невакцинирани. Ние немавме вакцина против Омикрон.

Олумчев не очекува голем број на хоспитализации, но амбулантите ќе бидат полни со заразени граѓани, особено ако се тие работоспособни што може да се одрази врз економијата.

Наташа Ј. Менковски