Влада
Потпишан правилник за лицата со попреченост
12.01.2023 14:28
Инклузија и почитување на правата на лицата со попреченост е нашиот приоритет и заложба, рече министерката Тренчевска. Потпишан е правилникот за функционална проценка на децата и младите со попреченост...

Унапредување на правата и подобрување на животниот стандард на децата и младите со попреченост. Со правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост се доуредува начинот на функционирање на стручните тела, начинот на вршење на проценката, на остварување на дополнителната поддршка во образованието, здравството, социјалната заштита.
Воведување функционална проценка претставува голема реформа во системот, уверуваат, велат надлежните.
Правилникот се подготвувал три години со поддршка на УНИЦЕФ.
Ана Ј. Тодоровска
