Одбележување

Одбележани 15 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

12.01.2023 14:56

На денешен ден во 2008 година единаесет мировници кои се враќаа од мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, загинаа откако армискиот хеликоптер МИ-17 се урна во село Блаце кај Катланово...

12 јануари 2008 година – армиски МИ-17 се урна кај Катлановско Блаце, на само 50-ина метри од последните куќи во селото. Хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на скопскиот аеродром во услови на намалена видливост поради маглата, но без успех. Загинаа 11 припадници на воздухопловниот ВИНГ.

Кај спомен-обележјето во Катлановско Блаце, бројни делегации оддадоа почит на загинатите припадници на Армијата.

Припадниците на воздухопловниот ВИНГ претходно го одбележаа трагичниот настан и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Единаесеттемина мировници се враќаа од мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Игор Панов