Арсовска: Кривична за УСЈЕ поради загадување на воздухот
Градоначалничката Арсовска најави реорганизација на градскиот превоз, тврдејќи дека нема долг кон приватните превозници. Во насока на спречување на аерозагадувањето по две контроли во Цементарница УСЈЕ констатирано трипати повеќе повисока концентрација на ПМ-10 честички...

Градоначалничката Арсовска со кривична пријава за Цементарница Титан – УСЈЕ. Градските инспектори и Државниот инспекторат при две вонредни контроли, констатирале дека фабриката го загадувала воздухот за три пати повеќе од дозволените количини на ПМ-10 честички.
Арсовска вели дека ова се сериозни прекршувања и најави засилени контроли и казни. Инспекторите откриле и други загадувачи, нивните имиња неделава ќе бидат јавно објавени.
Истите бројки вчера ги објави и Државниот инспекторат за животна средина. Од дозволените 350 милиграми, биле измерени 711. Но оттаму наведоа дека е почната постапка за спогодување, во спротивно ќе има судска постапка.
Советниците од СДСМ во Град Скопје побараа да се свика вонредна седница.
Викторија Милевска
