Култура

Комеморација во чест на Катерина Крстева

12.01.2023 15:10

Роднини, пријатели, колеги и познаници и одадоа почит на уметницата која меѓу народот беше позната и како Мара Попара и која деновиве замина во вечноста, зад себе оставајќи неизбришлива трага на македонското глумиште...

Последен поздрав за легендарна Катерина Крстева. Роднини, пријатели, колеги и познаници и одадоа почит на уметницата која меѓу народот беше позната и како Мара Попара и која деновиве замина во вечноста, зад себе оставајќи неизбришлива трага на македонското глумиште.

Катерина Крстева беше комплетна личност, реализирана актерка која со успех пловеше и во театарските и во телевизиските води и кои оправдано и го донесоа епитетот „миленичка на публиката“. Таа својата кариера ја започна во драмскиот театар, од каде што подоцна премина во МНТ, се до своето пензионирање. Повеќе од три децении забележливи улоги во многу претстави, филмови, радио емисии.

Со последен поздрав до големата Катерина Крстева, се збогуваа и министерката за култура, Драмскиот театар Скопје, Димче Мешковски.

 

Александра Максимовска